Голем скандал се случил во Косово во која е вклучена и македонската кошаркарска репрезентација. Имено, српските медиуми пренесуваат дека на нашиот селектор Драган Бајиќ му бил забранет влез во Косово од каде што требаше да полета за Истанбул.
Бајиќ во изјава „Српски инфо“ потврди дека е шокиран од целата ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во овој момент сум во Скоипје и шокиран сум од информацијата дека не ми беше дозволено да влезам во Косово и тоа без никакво образложение. Ова е голем проблем за македонската федерација која сега ќе мора да бара алтернативно решение за да стигнам до Истанбул од каде што ќе треба да полетаме за Тбилиси. Решение најдовме, но ќе морам да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи“, изјави Бајиќ.
Ова е само уште еден проблем за македонската репрезентација пред важниот дуел со Грузија в четврток. Претходно беше потврдено дека за овој дуел нема да сметаме на Дамјан Стојановски, Магдевски и Димитријевиќ.