Дома Фудбал Останато Скандал во Србија: Погледнете ги головите на натпревар кој бил наместен

Скандал во Србија: Погледнете ги головите на натпревар кој бил наместен

Фудбалскиот сојуз на Белград изрече жестока казна за натпреварот помеѓу Единство од Уб и Прва Искра од Бариќ за кој се докажа дека е наместен.

Натпреварот заврши со победа на Единство од 4:0, а по истрагата која ја потпиша Драган Крстиќ, поранешниот судија и официр за интегритет на ФС Белград се потврди дека четворица фудбалери на Прва Искра уплатиле околу 10.000 евра дека на натпреварот ќе се постигнат четири или повеќе голови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На Прва Искра која се натпреварува во Српската лига Белград и се одземени 12 бодови, а клубот е казнет 10.000 евра. Сите кои биле вклучени во местењето на натпреварот се суспендирани на девет месеци (Владимир Симиќ, Лазар Адамовиќ, Зоран Топаловиќ и голманот Андрија Кнежевиќ).

На снимките во продолжение може да се види и на кој начин се постигнуваа головите. УЕФА натпреварот го забележа на основа на специјализираната платформа „Спортрадар“, а дури 82% од уплатите биле дека ќе се постигнат четири или повеќе голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…