Дома Останати Кошарка НБА Скандал во САД: НБА ѕвезда уапсена поради дрога и оружје

Скандал во САД: НБА ѕвезда уапсена поради дрога и оружје

НБА ѕвездата Раџон Рондо бил уапсен во Индијана поради незаконско поседување на огнено оружје, но наркотични средства и марихуана.

Апсењето на Рондо го потврди и полицијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Полицијата го запре Рондо поради сообраќаен прекршок, но полицаецот почувствува марихуана, па поради тоа следуваше и претрес на неговото возило. При претресот е пронајден пиштол, марихуана како и прибор за дрога“, објави полицијата од Индијана.

Рондо немал дозвола за оружјето кое го поседувал поради што и доби кривична пријава. Набрзо по приведувањето тој бил ослбооден со платена кауција.

Зад себе Рондо има 16 сезони во НБА лигата и освоени две титули, настапуваше за Бостон, Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, ЛА Лејкерс, Атланата и ЛА Клиперс, последен пат во 2022 година настапуваше за Кливленд.

Не е првпат Рондо да има проблеми со законот бидејќи во 2022 година беше пријавен од неговата сопруга за семејно насилство поради физички напад заканувајќи се дека ќе ја убие. Случајот на крајот сепак беше завршен со договор помеѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…