Уште еден случај со расизмот во рускиот фудбал.
Во фудбалска Европа се крена огромна прашина после најновиот случај во рускиот клуб кој го изрежираа навивачите на второлигашот Торпедо од Москва.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, овој клуб поради притисокот од навивачите беше приморан да го отпушти новото засилување, иако го доведе пред само шест дена!
Во прашање е Ботак-Јобом (19) и неговиот „грев“ е само што има црна боја на кожата.
Клубот се огласи во текот на денот и тврди дека раскинувањето на договорот со играчот е само исклучиво од финансиски момент.
„Во нашата политика се водиме и работима само според спортските принци, делејќи ги луѓето само по нивните вредност. Уште еднаш ќе напоменеме дека бојата на кожата никогаш не е критериум според кој одредуваме кој ќе игра за нас. Во случајот на Ботак, финансиската компезација беше клучниот фактор поради кој се откажавме од негово доведување“, стои во соопштението на Торпедо.
Иако Торпедо тврди дека се откажале од играчот бидејќи Локомотива барала преголема компезација, многумина веруваат дека тоа е само изговор.
„Црната боја може да биде само на дресот на нашиот клуб, но за нас како навивачи постои само една, а тоа е белата“, гласи само еден од коментарите на сметка на играчот и неговиот ангажман.
Unbelievable. Torpedo Moscow announce Erving Botaka will not play for the club days after signing him. Reason? The ultras were protesting against signing a black player and threatened the board.
Year 2018 it is.
— Artur Petrosyan (@arturpetrosyan) July 19, 2018