Натпреварот помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос имал и трето полувреме откако неофицијално лице влегле на теренот по завршувањето на средбата и го нападнало голманот Андов.
Инцидентот се случил на крајот од натпреварот кога фудбалерите оделе кон соблекувалните. Еден од присутните со тупаници се нафрлил на гостинскиот чувар на мрежата, а сето тоа било и снимено од камерите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалската игра во Неготино беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со спортот. Поради лошата организација дојдовме до ситуација која не можеше да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. Бараме реакција од одговорните лица на федерацијата, вакви сцени го уназадуваат македонскиот спорт“, објави Охрид во соопштението по натпреварот.
Кога во прашање е резултатот натпреварот со минимална победа на гостите од 1:0.