Дома Фудбал Скандалозно однесување на Кристијано Роналдо: Доби директен црвен картон, па тргна да се прeсмета со судијата

Скандалозно однесување на Кристијано Роналдо: Доби директен црвен картон, па тргна да се прeсмета со судијата

Фудбалерите на Ал Хилал се пласираа во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија откако го совладаа Ал Наср со 2:1, а натпреварот го одбележа скандалозното однесување на Кристијано Роналдо, кој доби црвен картон на крајот од натпреварот.

Во 86. минута при резултат 2:0 во корист на Ал Хилал, исфрустрираниот Португалец загуби контрола и го удри Ал Булајхи, па судијата реши да му покаже директен црвен картон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа одлука толку многу го налути што во моментот сакаше да го удри судијата. Додека на судијата беше свртен грбот, Португалецот ја крена тупаницата кон судијата Ал Хоаиш, но во последен момент се откажа од лудиот потег.

Сепак, театарската претстава на арогантната ѕвезда која не може да загуби не заврши тука. Имено, додека го напушташе теренот, тој гестикулираше кон публиката и на тој начин предизвика жестоки свирежи.

Нема дилема дека ќе биде казнет поради директниот црвен картон и срамното однесување кое следеше по исклучувањето.

Ал Хилал, кој стигна до рекордни 33 последователни победи, се пласираше во финалето каде ќе се соочи со уште еден голем ривал, Ал Итихад. Тој натпревар е закажан за 11 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…