Бразилецот долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се во потрага по централен играч за врска. „Граѓаните“ ги напушти Јаја Туре, а додека кај Јунајтед кариерата ја заврши Мајкл Керик, покрај тоа најверојатно заминува и Фелаини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фред од Шахтјор беше мета и на едните и на другите, дури и капитенот на украинскиот клуб истакна дека Бразилецот би можел да заврши во Манчестер. Но не откри за кој дел станува збор (црвениот или синиот).
„На сите им ставив до знаење дека сум среќен тука, но дека сакам да направам чекор напред во мојата кариера“, изјави Фред.
Сега доколку земеме предвид дека Жоржињо е прва мета на Манчестер Сити и според медиумите на Островот неговите агенти веќе одржале неколку состаноци со „граѓаните’, тогаш Фред е поблиску до Манчестер Јунајтед.