Дома Трансфер зона Сити ја губи „пол“ позицијата, друг европски гигант спремен да ја плати сумата која Јувентус ја бара за Кансело

Сити ја губи „пол“ позицијата, друг европски гигант спремен да ја плати сумата која Јувентус ја бара за Кансело

Aнглискиот шампион Манчестер Сити подолго време се поврзува со Португалецот од редовите на Јувентус, Жоао Кансело, а во еден момент изгледаше како работата да е завршена.

Кансело посебно во финишот од сезоната не прикажуваше настапи какви што навикнаа да гледаат од него навивачите на Јувентус, па поради тоа ова лето би можел да си замине. Главен фаворит за неговиот потпис веќе подолго време е Манчестер Сити.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Португалецот е дефанзивец со одлична техника, а не е тајна дека токму такви играчи сака Пеп Гвардиола.

Сити и Јувентус се во преговори, англискиот шампион се обидуваше да ја спушти цената со тоа што во зделката ќе го вклучи Данило, додека пак во Јувентус бараа фиксни 60 милиони евра.

Додека се одолговлекуваа преговорите сега може да се случи пресврт во ситуација затоа што Баерн Минхен се вклучил во трката.
Според „Калчомеркато“ Баерн спрема своја понуда (веројатно бараните 60 милиони евра) и ќе се обиде да го доведе десниот бек во своите редови.

Претходно интерес за Кансело покажуваше и Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ потоа се насочија кон Ван Бисака кој денес и потпиша договор со клубот од „Олд Трафорд“.

https://www.youtube.com/watch?v=JOMHCWnmBUY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…