Дома Трансфер зона Сити спреми богата понуда за бекот на Аталанта

Сити спреми богата понуда за бекот на Аталанта

Манчестер Сити спреми богата понуда за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.

Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ ова лето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.

26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година, но Аталанта е спремна да го продаде ако пристигне примамлива понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да понуди 30 милиони евра плус 10 милиони како бонуси за потписот на Госенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…