Манчестер Сити и Реал Мадрид остварија гостински победи и со една нога се во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Сити беше апсолутен фаворит протов Копенхаген и од самиот старт го потврди тоа. Уште во 9-та минута Де Брујне погоди за водство од 1:0. Меѓутоа, домаќините успеаа да израмнат во 34-та минута после неверојатната грешка на голманот Едерсон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последната минута од првото полувреме Бернардо Силва ги врати „граѓаните“ во водство од 1:2, а при самиот финиш на мечот Де Брујне асистираше за Фоден за конечни 1:3.
Лајпциг не влезе со многу респект против Реал Мадрид и прв дојде до водство уште на стартот, но голот беше поништен поради офсајд. Потоа уште еднаш Шеско имаше чиста шанса, но одличниот Лунин остана несовладан.
На почетокот на вториот дел Брахим Дијаз погоди за водсво на Реал, а на крајот тоа се покажа како конечен резултат, иако имаше уште многу шанси на двете страни.
What a goal from Brahim Diaz to give Real Madrid the 1-0 lead away from home against RB Leipzig. ⚽️🇪🇸
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) February 13, 2024
Dani Carvajal gets the assist. 🪄🇪🇸pic.twitter.com/jimuY7Dn3i