Дома Трансфер зона Сити не сака ништо да ризикува: Родри станува еден од најплатените во Премиер лигата

Сити не сака ништо да ризикува: Родри станува еден од најплатените во Премиер лигата

Кога шпанскиот репрезентативец Родри дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во летото 2019 година за 70 милиони евра се очекуваше да биде големо засилување во средниот ред, а Шпанецот стана и повеќе од тоа.

Родри стана можеби клучен играч во тимот кој со години доминира во Англија, освојувајќи титули во националниот шампионат, а минатата сезона стана најдобар во Европа со освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од колкава важност е во тимот на Гвардиола покажува и новиот договор кој се најавува во медиумите на Островот.

Според англиските медиуми, Родрија го чека нов, изменет договор на шест години, до летото 2030 година и многу поголема плата.

Шпанецот моментално заработува 180.000 фунти неделно, а според новиот договор, секоја недела на неговата сметка би „легнувале“ по 300.000 британски банкноти (350.000 евра).

Преговорите меѓу Сити и Родри би требало да започнат на крајот на сезоната, а дотогаш фокусот е на одбрана на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…