Манчестер Сити е блиску до привлекување на 17-годишниот бразилски талент од Флуминенсе, Кауку, пренесуваат англсиките медиуми.
Раководството на „граѓаните“ веќе го договорило трансферот и за потписот на младиот талент ќе плати 10 милиони евра, плус 7 милиони дополнителни бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ сега имаат за цел да ја завршат документацијата и да извадат работна виза пред да го официјализираат трансферот.
Кауку важи за еден од најголемите бразилски таленти и во татковината веќе го споредуваат со Нејмар , па многу европски гиганти беа заинтересирани за неговиот потпис.