Џејдон санчо минатото лето го напушти Манчестер Сити и се пресели во Борусија Дортмунд каде пружа феноменални партии и се етаблираше во еден од најголемите таленти во светот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Просто е неверојатно како таков талент не го препозна Пеп Гвардиола, па раководството на Сити не сака да им се повтори уште еден таков случај.
Англиските медиуми пренесуваат дека наскоро нов договор со „граѓаните“ ќе потпише талентираниот Фил Фојден.
Овој 18-годишен играч за врска е меѓу најталентираните во Европа. Гвардиола е импресиониран од неговите квалитети и оваа сезона му даде шанса на 10 натпревари.
Фојден го привлече вниманието на многи европски гиганти кои сакаат да го „украдат“, но Манчестер Сити тоа нема да го дозволи и спреми нов договор за тинејџерот.
Англиските медиуми тврдат дека Фојден наскоро ќе стави потпис на договорот, бидејќи на „Етихад“ во него гледаат идна ѕвезда на тимот.