За во недела е закажано големото „Ел Класико“, прво оваа сезона. Фудбалерите на Барселона сакаат да ја заголемат сплотеноста пред ова дерби.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На Барселона сезонава не и оди баш најдобро Каталонците играат променливо. Сепак, победите против Валенсија во Ла Лига и Динамо Киев во Лига на шампионите дојдоа во вистинско време за да се влезе со поголема самодоверба во пресметката со лутиот ривал.




Каталонски „Спорт“ денес пишува Куман им дал слободен ден на фудбалерите по вчерашната победа против украинскиот претставник во ЛШ. Фудбалерите тој слободен ден се договориле и како да го искористат.




Како што е објавено сите играчи на Барселона се договориле да излезат на вечера во центарот на градот со цел да се зголеми сплотеноста во тимот пред натпреварот против Реал Мадрид. Натпреварот со „кралевите“ е закажан за в недела од 16:15 часот.