Дома Останати Кошарка НБА Сите рекорди паѓаат пред Лука Дончиќ, па и оние на Леброн Џејмс!

Сите рекорди паѓаат пред Лука Дончиќ, па и оние на Леброн Џејмс!

Чудесниот Лука Дончиќ повторно го направи она што го прави во текот на целата сезона во НБА – сруши рекорд!

Во победата на Далас над Шарлот (93:99) Дончиќ беше најдобар стрелец (19) и асистент (11) во својот тим, додека 10-те скокови му помогнаа да стигне до третиот трипл-дабл во неговатап рва сезона. До овој учинок Дончиќ стигна во еден од најлошите шутерски настапи во НБА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од игра шутираше очајни 5/20, а за три поени 2/10.

Меѓутоа никој нема да го памети тоа бидејќи и со таков учинок влезе во историјата на НБА лигата.

Дончиќ стана најмладиот играч кој успеал да оствари три пати да оствари трипл-дабл. До третиот трипл-дабл Дончиќ стигна со 19 години и 343 денови. Словенецот го сруши рекордот на Леброн на кого тоа му успеа со 20 години и 100 дена.

Дончиќ воедно стана и единствениот тинејџер во историјата на НБА кој има три трипл-дабал учиноци. Ќе додадеме само и дека сите три ги направи во период од 16 дена!

И за овој човек немаше место на Ол-Стар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…