Дома Фудбал Сите мислеа дека во 96. минута се расправаат за пенал, но Сон уште еднаш ја покажа својата големина!

Сите мислеа дека во 96. минута се расправаат за пенал, но Сон уште еднаш ја покажа својата големина!

Јужна Кореја направи одличен резултат на Азискиот куп синоќа откако во четвртфиналето ја совлада Австралија по продолженијата.

Фудбалерот на Тотенхем Сон, кој го постигна победничкиот гол, направи потег за кој зборува фудбалскиот свет.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралија беше меѓу главните фаворити за освојување на златниот медал, но Јужна Кореја по лошите настапи во групната фаза успеа да ја постигне вистинската форма кога беше најпотребно.

Кореја најпрвин во осминафиналето по изведување пенали ја елиминира Саудиска Арабија, а синоќа по пресврт и продолженија оваа селекција ја победи Австралија со 2:1 и се пласираше во полуфиналето на ова натпреварување.

Јужна Кореја доби пенал во 96. минута и сите беа сигурни дека капитенот на таа селекција Сон ќе го изведе ударот од белата точка, но топката ја зеде Хванг Хи Чан. Сон и Хванг имале краток разговор, по што играчот на Тотенхем се оддалечи од топката и соиграчите.

И останатите јужнокорејски играчи беа изненадени што Сон не ја зеде топката, но Хванг успеа да постигне гол за 1:1 и да добие продолженија.

Сепак, Сон беше тој што го одведе својот тим до полуфиналето. Капитенот на Јужна Кореја постигна неверојатен гол од слободен удар во 104. минута за 2:1 и пласман на својата репрезентација меѓу четирите најдобри селекции во Азија.

Исто така, Сон по натпреварот зборуваше за тоа што се случило во 96. минута и зошто не го изведе пеналот. Разговорот со Хванг бил снимен на камера и многумина мислеле дека се скарале, но Сон објаснил што всушност се случило и повторно ја покажа својата големина.

„Тој сакаше да го изведе пеналот, а селекторот ме замоли да ја земам топката и да шутирам. Но, кога разговарав со Хванг и видов колку е самоуверен, знаев дека можам да му верувам. Како капитен наместо моето его знаев дека треба да го ставам тимот на прво место и тоа беше најважно. Исто така сакав да покажам колку е важен Хванг за нашиот тим и му благодарам што постигна гол во таква тешка и важна ситуација“, изјави Сон по натпреварот.

@sonsationalson 🥹 Sonny is the main penalty taker and he was the one fouled but he let Heechan take it #heungminson #sonheungmin #손흥민 #fyp #kfa #asiancup #tottenhamhotspur #ปล้นสิงโตทอง ♬ Come as You Phonk – lofi'chield
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…