Вчерва во Италија беше потврдена казната на Јувентус кој беше казнет со одземање на 15 бодови поради финансискиот скандал со наводно лажирање на вредноста на фудбалерите.
Покрај Јувентус суспензии заработија Фаабио Партичи (две ипол години), Андреа Ањели (две години) и Павел Недвед (осум месеци). Клубот најави дека ќе се жали на одлуката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По казната за Јувентус се огласи поранешниот фудбалер на овој клуб Клаудио Маркизио кој во Торино помина девет години.
„Кажано на економски јазик, тоа е зголемување на вредноста, позитивна разлика помеѓу две вредности на ист имот кој се однесува на различен период. Ќе додадам дека само Јувентус е казнет, а сите клубови го прават истото“, порача Маркизио.