Дома Фудбал „Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, само Зидан со Фиат“

„Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, само Зидан со Фиат“

Зинедин Зидан во текот на целата своја играчка кариера се сметаше за мирен играч кој не беше склон на скандали, но исто така и со скромен карактер.

Поранешните негови соиграчи го потврдуваат тоа, а Едвин ван дер Сар откри интересни детали од времето кога двајцата ја делеа соблекувалната на Јувентус.

„Еден ден дојде на тренинг во Фиат, носеше фармерки, бела кошула и Адидас патики. Тој беше сосема различен од тоа што го гледав кај другите играчи кои дојдоа со Ферари и носеа брендирана облека, Долче и Габана, Версаче …”, откри Холанѓанецот.

„Тој не беше многу разговорлив. Беше тешко бидејќи во тоа време тој не зборуваше многу англиски и зборуваше само француски или италијански. Но, начинот на кој играше на теренот, беше доволен за да ја добие почитта од сите нас“, додаде Ван дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матета во петгодишен правен спор: Поранешниот адвокат бара 540.000 евра

Поранешниот застапник на напаѓачот на Кристал Палас бара исплата поврзана со договорот во …