Николо Заниоло денес треба да го комплетира својот трансфер во редовите на Галатасарај откако клубовите постигнаа договор.
Галатасарај на Рома ќе и плати 20 милиони евра, а со бонусите сумата може да достигне и 22 милиони евра. Заниоло кој влезе во конфликт и не сакаше да игра повеќе за Рома ќе потпише договор до 2027 година со плата од 3.5 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако одличниот фудбалер за врска се обврза на верност до 2027 година што е долг период, Заниоло во својот договор ќе има откупна клазула од 35 милиони евра. Токму оваа точка како што пренесуваат медиумите била клучна за фудбалерот да прифати трансфер во Истанбул.
Заниоло е фудбалер кој има големи амбиции и затоа во текот на преодниот рок ја одби понудата од Бормут. Сепак, кога има клазула од 35 милиони евра нема да биде проблем во случај на негова добра форма да се појави голем клуб кој ќе ја плати оваа сума.
Најавите од турските и италијанските медиуми се дека Заниоло денес патува за Истанбул.