Овој напаѓач има подобар просек од Меси и Роналдо, висок е 194 сантиметри, игра подеднакво добро со левата и десната нога, мајстор е за слободни удари и има постигнато 113 гола на 110 натпревари за својот клуб.
Додека последните месеци го следевме неверојатниот поход на Сирија кон Светското првенство, кој беше запрен во баражот против Австралија, можеби сте слушнале за Омар Ал-Сомах.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Доколку живеме во некое подобро време и во подобар свет, овој фантастичен сириски напаѓач денес веројатно би бил планетарна ѕвезда. Ал- Сомах и е ѕвезда, но само во Азија, поточно во Саудиска Арабија каде ги руши сите рекорди кога се во прашање головите.
Во дресот на Ал-Ахли има просек од еден гол по натпревар и три години со ред е најдобар стрелец во лигата. Вистина дека не игра во конкуренција како Меси и Роналдо, но има таков просек што е просто неверојатен за било која професионална лига.
Да не беше војната во Сирија фудбалскиот пат на Ал-Сомах можеби ќе беше поинаков. Тој на 17 години дебитира за својот тим во првата сириска лига и таа сезона постигнува 12 гола. Набрзо почнуваат нередите во Сирија, а Ал-Сомах ја поддржува опозициската фракција, со што си ја затвора вратата од репрезентацијата.
Иако беше далеку од очите на европските клубови, сепак Нотингем Форест му испраќа понуда да дојде на проба. Меѓутоа, трансферот не можеше да се реализира бидејќи Ал-Сомах не доби работна дозвола. Потпишува за кувајсткиот Ал-Кабси каде постигнува 43 гола на 68 натпевари, а во 2014 година за 2 милиони евра се сели во најголемиот азиски клуб Ал-Ахли.
Во првата сезона во 22 лигашки настапи постигнува исто толку голови, вкупно 31 на 34 натпревари во сите натпреварувања. Следната сезона 27 гола во 22 кола, вкупно 34 на 31 натпревар. Минатата сезона постигнува 24 гола во 24 кола, односни 41 гол на 39 натпревари. Во сите три сезони Ал-Сомах беше прв стрелец во лигата, но за репрезентацијата не можеше да игра.
Меѓутоа, полседната година кога Сирија стоеше добро во квалификациите и се надеваше на пласман на СП, Ал-Сомах на големо изненадување доби повик од репрезентацијата. На последниот натправар во Техеран кога на Сирија и требаше бод, тој израмни на 2:2 и ја однесе репрезентацијата во бараж. За жал таму беше елиминирана од Австралија.