Синот на некогашниот украински фудбалер Андриј Шевченко, Кристијан, кој има 12 години, тренира во академијата на Челзи, а има привилегија да бира за која земја ќе настапува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кристијан Шевченко има привилегија да игра дури за четири репрезентации. Може да ја одбере Украина поради татко му, има право да настапува за Англија бидејќи е роден во Лондон а од страната на мајка му има потекло од САД и Полска, па ако реши, може да игра и за нивните национални тимови.
Мојот втор син тренира во академијата на Челзи. Тоа е многу добра академија од која излегле многу одлични фудбалери. Не знам за која репрезентација ќе игра, кога ќе дојде време ќе седнеме и ќе зборуваме“, изјави Андриј Шевченко, кој е селектор на украинската репрезентација.