Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е вратен во болница каде треба да му биде направен уште еден третман по трансплатацијата на коскена срж.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тренер веќе со месеци се бори со леукемија и беше пуштен од болница после неколкуте хемотерапии, по што следуваше и трансплатација на коскена срж.
„Господинот Михајловиќ се јави во болницата за да добие третман, кој е неопходен во неговото лекување, посебно по трансплантација на коскена срж. Медицинскиот персонал е убеден дека Синиша за кратко време ќе ја напушти болницата“, соопштија докторите од Болоња.
Во текот на викендот Михајловиќ седеше на клупата на мечот против СПАЛ, а се очекува наскоро повторно да им се врати на професионалните обврски.