Српскиот стратег, Синиша Михајловиќ на лето би можел да седне на клупата на Лацио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на италијанските медиуми претседателот на Лацио Клаудио Лотито сериозно размислува за промена на шефот на стручниот штаб и спортскиот директор.
Наводно првиот човек на небесно-сините е незадоволен со играта на екипата, па цената би можел да ја плати Симоне Инзаги, но може да „настрада“ и Игли Таре.
Како можен наследник на Инзаги се споменува тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, додека Таре би можел да го наследи Мауро Бианкеси.
Ќе потсетиме, Лацио во овој момент се наоѓа на седмото место на табелата со 49 освоени бодови, шест помалку од Јувентус кој е трет.