Дома Трансфер зона Синиша Михајловиќ го испратил повикот кој сите го чекаат!

Синиша Михајловиќ го испратил повикот кој сите го чекаат!

Златан Ибрахимовиќ во овој момент ужива на заслужен одмор откако заврши сезоната во американската МЛС лига.

Ибрахимовиќ зад себе има одлична сезона во дресот на ЛА Галакси со кој успеа да ја освои титулата. Но, во последно време најмногу се зборува за тоа дека Златан ќе се врати во Европа бидејќи му истекува договорот со американскиот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе неколку недели се шпекулира дека Ибрахимовиќ најверојатно ќе се врати во Италија, а се поврзува со Наполи, Милан и Болоња. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Болоња е во најдобра позиција да го доведе Ибрахимовиќ.

Тренерот на овој тим Синиша Михајловиќ го повикал Ибрахимовиќ да дојде во Болоња и да помогне на овој тим во походот на пласман на некое европско натпреварување. Ибра претходно изјави дека ќе дојде во Болоња ако Михајловиќ го побара тоа од него.

Ибрахимовиќ има договор со Галакси до крајот на годината, а во јануари би требало да соопшти дали ќе остане во Америка или ќе се врати во Европа. Иако има 38 години сигурно дека би бил одлично засилување за Болоња.

Некои италијански медиуми пишуваат дека Ибрахимовиќ својата одлука ќе ја соопшти на 10-ти декември. Но, останува да видиме какви се плановите на Златан, би било навистина убаво да го видиме во дресот на Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…