Дома Македонски спорт Мак фудбал Симов: Трофејот нема да вреди ништо ако испаднеме од ПМФЛ

Симов: Трофејот нема да вреди ништо ако испаднеме од ПМФЛ

Силекс одигра лоша полусезона, а сега таа треба да биде оставена на страна и кратовци да го нападнат Куп трофејот каде што ќе играат против Академија Пандев.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После 25 години тимот од Кратово одново ќе игра во едно финале од Националниот Куп, но тренерот Горан Симов порача дека овој трофеј нема да значи многу ако испаднат од ПМФЛ.

„Не чека важен натпревар затоа што за нас ова е единствена шанса да излеземе во Европа. Квалитетот не е спорен и кај двете екипи верувам дека и ние и А.Пандев заслуживме подобра позиција во првенството. Ние мораме да мислиме и на опстанокот, победа во финалето нема да значи ништо ако не обезбедиме опстанок“, изјави Симов.

Финалето се игра утре од 19:00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…