Селекторот на македонската репрезентација Симе Симовски, го објави поширокиот список од 27 ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2018 против селекциите на Шведска и Србија.

На поширокиот список на Симовски се наоѓаат: Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Македонија се наоѓа во третата квалификациска група каде покрај Шведска и Србија, се натпреварува и селекцијата на Фарски Острови. Досега со две победи во вкупно одиграните четири средби, Македонија е трета на табелата со четири бода, два  помалку од лидерите Шведска и Србија.

Последните две кола од квалификациите ќе се одиграат во периодот од 30 мај до 3 јуни. Првата од двете средби Македонија ќе ја игра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 30 мај против Шведска, додека во последното коло, „црвено-жолтите“ ќе и гостуваат на Србија во Ниш на 3 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…