Екипата на Атлетико Мадрид вечерва го пречекува Арсенал во реванш полуфиналниот меч од Лига Европа.
„Јорганџиите“ имаат поволен резултат од првиот натпревар на „Емирати“ кој заврши 1:1, но Симеоне знае дека неговиот тим го очекува борба, па порача дека мора да играат со срце.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Постојат натпревари кои што се играат со срце, а ова е еден од нив. Потребно ни е на реваншот стадионот да експлодира и да имаме стравствена поддршка“, изјави Симеоне.
Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!
„Секој од нас мора да биде на својот максимум, мораме да заборавиме на личните амбции и да размислуваме за тоа да бидеме добри како тим“, заклучи Аргентинецот.
Симеоне исто така изрази пофалби за тимот на Арсенал, посебно осврнувајќи се на Месут Озил како најопасен играч меѓу „топџиите“.