За време на репрезентативната пауза ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала беше во Мадрид и имаше средба со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Тоа беше мотив веднаш да почнат шпекулации дека „јорганџиите“ го сакаат Аргентинецот и дека веќе спремиле понуда од 150 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Симеоне денес јавно проговори за таа средба која според него била „случајна“ и им порача на новинарите да не измислуваат бесмислици.
„Да, се сретнав со Дибала, разговаравме, му кажав што мислам за него. Му порачав дека е голем играч и тоа е се. Тој седеше сам на масата, јас бев со неколку мои пријатели и немаше ништо повеќе од тоа. Има новинари кои добро си ја вршат работата, но има и такви кои измислуваат секакви бесмислици“, Симеоне.