Дома Фудбал Симеоне објаснува зошто Реал со ВАР добива повеќе пенали

Симеоне објаснува зошто Реал со ВАР добива повеќе пенали

По продолжувањето на сезоната во Ла Лига многу се зборува за одлуките на ВАР технологијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона се жали поради одлуките кои не одеа во нивна корист. Се коментираат и пеналите кои ги добиваа „кралевите“. Диего Симеоне иако го води ривалот на Реал, Атлетико сепак искажа поддршка за ВАР.

„Јас од почеток зборувам иста работа, ќе повторам и сега. ВАР се разоткрива. Претходно немавме можност да видиме некои работи, некои погрешни одлуки. Но со ВАР се е почесно. Оние кои после прегледувањето на снимките добиваат повеќе пенали тоа е затоа што повеќе напаѓаат, таков е случајот со Реал. Од ВАР не можете ништо да сокриете“, изјави Симеоне.

Од тој агол гледа на полемиката Реал – Барса, бидејќи Атлетико оваа сезона и онака не е кандидат за титулата.

„Судиите сега се гледаат, јавноста се гледа. Оној кој одлучува и арбитарот, кој ја имаа таа помош од ВАР“. Се е на дланка, кристално јасно се гледа се“, смета стратегот на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тепачка во Реал пред „Ел Класико“: Двајца фудбалери се судрија за време на тренингот

Уште една мачна сезона за Реал доведе до голема нервоза во таборот на „кралскиот клуб“. Ул…