Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне нема дилеми и јасно порача кој за него е најдобар во светот

Симеоне нема дилеми и јасно порача кој за него е најдобар во светот

Aтлетико Мадрид вчера стигна до победа во рамките од второто коло во Лигата на шампионите, а еден од најдобрите поединци кај „јорганџиите“ беше францускиот напаѓач, Антоан Гризман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пресреќен поради одличниот настап на својот напаѓач беше и Диего Симеоне кој после натпреварот јасно порача дека за него Гризман е најдобриот фудбалер во светот.

„Го кажав тоа и претходно, сега ќе го повторам – за мене Гризман е најдобар во светот! Ја освои Лигата на Европа, Светското првенство, УЕФА Суперкупот и беше втор во лигата каде што играат Реал Мадрид и Барселона. Одлучи да остане во Атлетико и сега ужива. Ова се важни моменти во неговата кариера“, изјави Симеоне.

„Јоргнаџиите“ против Клуб Бриж славеа победа од 3:1.

https://www.youtube.com/watch?v=3zaRhUuI8f4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…