Реал Мадрид и Атлетико Мадрид пред два дена одиграа 1:1 во дербито на колото во Ла Лига. Хрватскиот капитен Лука Модриќ играше за Реал од 76. минута, а камерите уловија интересен момент кога тој влезе во игра.
Познато е дека Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната, но не и што ќе биде потоа. Се пишуваше за профитабилна понуда од Саудиска Арабија, покана од МЛС, а дел од шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста тој да остане уште една сезона во Реал, доколку заигра на највисоко ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Речиси е незамисливо еден ден Модриќ да се пресели од Реал во Атлетико, но токму таква покана со насмевка доби од Диего Симеоне во последното дерби.
Аргентинскиот стручњак го искористи моментот кога Модриќ се подготвуваше да влезе во игра кога почна да го повикува и да му нуди работа.
„Лука! Лука! Дојди играј за нас“, му рече Симеоне. Погледнете ја реакцијата на Хрватот.
🎥 Ini adalah momen saat Modric memasuki lapangan dari bangku cadangan.
— Madrid Mads (@RMadridMads) February 5, 2024
🗣️ Simeone kepada Modric:
"Bergabunglah dengan kami dan kamu akan bermain."
Jujur, rispek sama sikap Simeone untuk yang satu ini 🫡👏🏻pic.twitter.com/b32KRJCILE