Дома Фудбал Останато Симеоне: Манчестер Сити е клуб кој е сега роден, тие немаат историја

Симеоне: Манчестер Сити е клуб кој е сега роден, тие немаат историја

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне предизвика бура на Островот со последната изјава во која зборуваше за Манчестер Сити.

Симеоне од Атлетико направи тим има капацитет да се бори за сите трофеи и во последните години освоија два трофеи во Лигата на Европа и играа две финалиња во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот без „влакна на јазикот“ кажа дека за него Манчестер Сити е тукушто роден клуб кој нема своја историја како Ајакас, Барселона, Јувентус, Реал Мадрид…

„Според мене кога еден тренер доаѓа во нов клуб најправо треба да ја разбере историјата на клубот, ако не разбереме какви се темелите на клубот тогаш големи се шансите неславно да завршите. Ако јас не почуствувам дека можам да се поврзам со таа историја сигурно нема да преминам во тој клуб. Вие треба да работите на база на минатото на тој клуб“

„Пример:Ајакс има славна фудбалска школа, Барселона исто така, Јувентус исто, Реал Мадрид нема, но тие имаат алтернатива и на поинаков начин се одржуваат во врвот на светкиот фудбал. Манчестер Сити не е таков, тоа е клуб кој е сега роден – клуб без историја. Тие сега почнуваат да ја градата на основа на трагата која ја остава Пеп Гвардиола“, порача Симеоне.

Ќе потсетиме Манчестер Сити започна да има поголеми амбиции од кога пред една деценија кога шеикот Менсур го превзема клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…