Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне верува дека првата ѕвезда на тимот Антоан Гризман ќе продолжи да го носи дресот на „јорганџиите“ и следната сезона.
Веќе неколку месеци се шпекулира дека Гризман на крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико, а некои медиуми дури тврдат дека веќе се договорил со Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Оваа сезона Гризман нема континуитет. На почетокот имаше потешкотии пред голот. Нема сомнеж дека доаѓањето на Диего Коста ќе го ослободи на теренот. Сите го сакаме најдоброто за Гризман“, истакна Симеоне.
„Сакаме тимот да продолжи да се развива и Гризман да остане. Ако продолжиме да се бориме со Барселона и стигнеме до финалето на Лига Европа, значи дека напредуваме. Тоа што се бориме до последен момент за трофеи е ванжно за секој фудбалер“, заклучи Симеоне.