Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а има неколку конкуренти за неговиот потпис.
Милански Интер од поодамна е заинтересиран за Србинот, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и Атлетико Мадрид.
Диего Симеоне сака да го засили својот среден ред со искусниот фудбалер и наводно веќе доставил понуда до неговиот агент.
Сега останува на Матиќ да избере – Милано или Мадрид.