Дома Фудбал Останато Се чека ОДЛУКАТА на Џиџи – Буфон доби ПЕТ понуди!

Се чека ОДЛУКАТА на Џиџи – Буфон доби ПЕТ понуди!

buffon

Италијанската легенда на „слатки“ маки, сеуште ништо не е готово, одлуката ќе биде донесена на крајот од сезоната…

Џанлуиџи Буфон не сака да зборува за тоа што ќе прави после завршувањето на неговата кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не ме прашувајте за тоа што ќе правам следната есен, не сакам да размислувам толку далеку“, изјави Буфон.

Ањели го убедува да ја продолжи кариерата и да брани и понатаму и тоа е првата понуда, која веројатно ќе биде одбиена, освен во случај Јуве да стигне до тронот на Европа. Во тој случај Буфон би останал, за да стигне и до евентуална светска титула.

Втората понуда е јасна, место во управата на клубот, Јуве прави се за да го задржи и од кога Буфон ќе стави крај на голманската кариера. Недвед е потпретседател, а наскоро би можел да стане и прв човек на клубот, а Буфон би можел да ја превземе неговата улога на заменик.

Третата идеја е од ФИФА, Џани Инфантино сака Буфон да стане заштитно лице на светската организација и наводно на Буфон оваа понуда веќе му е претставена.

Четвртата е од италијанскиот сојуз, тие имаа најмали шанси, без оглед на својата историја, Буфон е лојален на Јувентус кој не е во најдобри односи со сојузот и таа „војна“ трае веќе со години, причината е „калчополи“, односно фактот што во сојузот чекаа случајот да застари за да не мораат да одлучуваат за враќање на одземените титули на италијанскиот клуб.

И на крајот, Њујорк. Таму е Пирло, од „филијалата“ на „граѓаните“ би сакале да го доведат Буфон и на секој начин тоа би бил вистински „бум“ за Американците.

Одлуката Буфон ќе ја донесе на крајот од годината, според пишувањето на италијанските медиуми најголеми се шансите тој да остане во Јувентус како функционер, но да видиме, можеби ќе го гледаме помеѓу статитивите и во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…