Mаурисио Покетино, најголемиот фаворит за наследник на Зидан во Реал Мадрид, во Барселона ја претставува својата книга „Нов свет“, само еден ден откако Зидан ја напушти клупата на европскиот шампион.
Покетино веднаш после објавата на Зидан дека го напушта Реал Мадрид излезе во прв план кога е неговиот наследник во прашање, иако минатата недела потпиша нов договор со Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Марка“ утрово пишуваше дека Реал Мадрид веќе воспоставил контакт со Покетино и Лев.
Иако Покетино ја претставуваше својата нова книга, прашањето за Реал Мадрид не можеше да го избегне.
„Не ја гледав конференцијата на Зидан, не знам што кажал. Секој тренер на било кое ниво се чустувува осамен кога стои покрај белата линија која не смее да ја помине и се однесува природно“.
„Само што потпишав нов договор и среќен сум во Тотенхем“, одговори Покетино.
Од друга страна пак новинарите на „Ас“ тврдат дека Покетино на нивното прашање по завршувањето на конференцијата им одговорил: Уживам во моментот, што ќе се случи, ќе се случи“.
Покетино потврди и дека во неговиот договор со Тотенхем нема никаква откупна клазула
Vemos en directo al técnico Mauricio Pochettino https://t.co/uUywCfETG3
— MARCA (@marca) June 1, 2018