ФК АП Брера Струмица и ФК Тиквеш од Кавадарци со заедничко соопштение ја информираат јавноста после информациите за инцидентот помегу два фудбалери по натрпеварот од 26 коло од Првата Македонска фудбалска лига.
,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клупскиот автобус на Брера Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата фудбалери даваа изјава во полиција за случајот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како два фудбалски клубови кои негуваат дологодишно пријателство и соработка но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи фудбалери кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи.
Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот спорт, ја имаме таа привилегија но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спротот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија.
За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спротски настани во Кавадарци и Струмица“, стои во соопштението.