Добро познато е дека распоредот кој го имаат англиските тимови е еден од најтешките во светот, набрзо во Англија ќе започнат и натпреварот од ФА Купот, па во фудбалската асоцијација бараат начин како да им олеснат на клубовите.
Од она што последно се најавува во англиските медиуми изгледа дека клубовите ќе можат да прават и по 10 измени во еден натпревар за да се спречат повредите. Правилото се очекува да биде активирано во јануари во ФА Куп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубовите ќе можат да направат пет измени во Купот, а ќе добијат уште две ако еден од играчите се повреди, во случај на повреда на два играчи и повреда на глава, тогаш екипата добива уште две дополнителни измени.
Доколку натпреварот отиде во продолженија таму ќе може да биде направена уште една измена која би била десетта.
Rule change could allow teams 10 substitutions EACH in FA Cup matches next month https://t.co/vxq45xMUh6
— MailOnline Sport (@MailSport) December 17, 2020