Дома Топ вести Се спрема распродажба во Челзи: „Сините“ сакаат да продадат 14 фудбалери до крајот на преодниот рок

Се спрема распродажба во Челзи: „Сините“ сакаат да продадат 14 фудбалери до крајот на преодниот рок

Екипата на Челзи е еден од ретките феномени во светскиот фудбал бидејќи во својот тим има дури 50 фудбалери.

Слично беше и во минатите сезони кога клубот под договор имаше голем број фудбалери, меѓутоа тогаш ги пушташе играчите во своите филијали. Сепак, такво нешто сега е забрането, а некои од тие клубови се и во тешка состојба, па Челзи има проблем да се ослободи од вишокот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според последните информации од Островот, Челзи сака да се ослободи од 14 фудбалери кои ќе ги продаде или ќе ги пушти на позајмица.

Првиот кој треба да замине е Ромелу Лукаку во Наполи за 35 милиони евра. Потоа Кепа Аризабалга најверојатно се сели во Бормут, Чилвел и Стерлинг се споменува дека можат да бидат искористени во трансферот на Санчо, Ипсвич сака да го доведе Борха…Но, тука остануваат уште: Тревоор Чалобах, Ѓорѓе Петровиќ, Карни Чуквуемека, Давид Фофана, Анџело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Харви Вејл и Лукас Бергстром, сите тие се фудбалери на кои Мареска не смета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона спрема понуда за ѕвездата на Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…