Дома Останати Тенис Се смешка ли нова титула? Ѓоковиќ доби лесен пат на Вимблдон, Аргентинец го чека во првото коло!

Се смешка ли нова титула? Ѓоковиќ доби лесен пат на Вимблдон, Аргентинец го чека во првото коло!

Денес беше одржан ждребот за Вимблдон во кој Новак Ѓоковиќ ги дозна своите можни противници.

Ждребот изгледа лесен за српскиот тенисер бидејќи се до завршницата не би може да игра со најголемите ривали. Во првото коло Ѓоковиќ ќе игра против 28-годишниот Аргентинец, Педро Качин кој се наоѓа на 55-тото место на АТП листата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто може да се соочи со Џордан Томпсон или Брендон Накашима. Во третата тунда потенцијан ривал му е Томас Мартин Ечвери, додека во четвртата може да се соочи со Лоренцо Музети и Хуберт Хркач.

Четвртфиналето може да донесе меч на Ѓоковиќ против Андреј Рубљов, Александар Бублик или Ник Кирјос, минатогодишниот финалист.

Евентуални ривали за полуфиналето се Каспер Руд, Јаникс Синер и Тејлор Фриц. Ѓоковиќ против Медведев или Алкараз може да игра само во финалето бидејќи се на другата половина на ждребот каде што се уште Холгер Рунде, Александар Зверев, Стефанос Циципас…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…