Дома Останати Кошарка НБА Се случи тоа што се очекуваше: Леброн и друштвото останаа без тренер

Се случи тоа што се очекуваше: Леброн и друштвото останаа без тренер

Лук Волтон повеќе не е тренер на Лос Анџелес Лејкерси.

После три години Лук Волтон и Лејкерси ја раскинаа соработката, го потврди тоа генералниот менаџер на тимот, Роб Пелиник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да му се заблагодарам на Лук за се што направи за клубот во претходните три години. Му посакуваме се најдобро во продолжение од кариерата“, изјави Пелиник.

Волтон без поголеми емоции се прости од тимот.

„Им благодарам на Џени Бас и семејството Бас што ми пружија шанса да ги тренирам Лејкерси. Оваа франшиза и град ќе ми бидат засекогаш во срцето“, изјави Волтон.

Како фаворит за нов тренер на Лејкерси се споменува Тајрон Ли, а тука е и мето на Монти Вилијамс.

Волтон оваа сезона и покрај што го имаше Леброн Џејмс во тимот остана без пласман во плејофот со скор од 37 победи и 45 порази. Вкупно во Лејкерси во 246 натпревари оствари 98 победи и 148 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…