Кон крајот на јануари „Ил Темпо“ објави лист хартија од директорот на Јувентус Фабио Партичи, на таа хартија се наоѓаа имиња на потенцијалните кандидати на италијанскиот шампион.
Листот остана во миланскиот ресторан Бера и на него се наоѓаа имиња на таленти како Демирал, Ромеро, Тонали и Киеза, метите на Јувентус за преодниот рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај нив се наоѓаат имиња за Примера составот, а од десна страна е операцијата во која Јувентус го пушта Миралем Пјаниќ за да го доведе Сереј Милинковиќ-Савиќ.
Четири месеци подоцна „Гоал“ потсетува на тој лист.
Младиот Турчин Демирал ќе се пресели во Јувентус. „Старата дама“ на Сасуоло ќе му плати сума од 15 милиони евра. Кристијан Ромеро од Џенова исто така е блиску до потпис за 20 милиони евра и Јувентус би требало да го купи и да го остави во Џенова следната сезона.
Блиску до потпис според италијанците и Федерико Киеза од Фиорентина. Наводно играчот е договорен за сума од околу пет милиони евра по сезона, но се уште треба да се среди договорот со Фиорентина која доби нови сопственици.
Србинот Милинковиќ-Савиќ е голема желба на торинскиот клуб, но Лацио бара повеќе од 80 милиони евра, а Јувентус нуди 20 помалку.
Од друга страна статусот на Миралем Пјаниќ не е јасен, силно го сака ПСЖ, а „старата дама“ би го пуштила за 80 милиони евра за да го доведат Милинковиќ-Савиќ.
Од списокот единствено име за кое нема вест е играчот на Бреша, Сандро Тонали.