Ако се сеќавате на ерата на галактикосите на Реал, сигурно се сеќавате и силниот десен бек, Мигуел Ангел Салгадо Фернандез или поедноставно, Мичел Салгадо.
Салгадо своите најдобри денови ги помина во Реал Мадрид каде што од 1999 до 2009 година беше незаменлив на својата позиција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во редовите на „кралевите“ пристигна од Селта каде што започна да игра фудбал и со која настапи и во УЕФА Купот, а кога Реал го купи за 11 милиони евра во 1999 година, веројатно ниту тој самиот не претпоставуваше дека ќе биде дел од сега веќе еден легендарен тим составен од најголемите ѕвезди во светот на фудбалот.
Шпанецот освои четири титули во Ла Лига со Реал и две во Лигата на шампионите, пред на „стари години“ да замине во Блекбурн.
После три години на „Ивуд Парк“ и испаѓањето на Блекбурн во понизок ранг на англискиот фудбал, Салгадо се повлече.
По завршувањето на фудалската кариера работеше како колумнист во реномираниот портал „FourFourTwo“.
Во април оваа година повторно се инволвираше во фудбалот и стана еден од сопствениците на Гибралтар Јунајтед, фудбалски клуб од Гибралтар.
„Ова е специјален ден во мојот живот. Сакам да донесам нешто позитивно за фудбалот во оваа земја“, изјави Салгадо.