Заборавениот англиски дефанзивец и понатаму заработува повеќе од пристојна сума.
Мика Ричардс пред десетина години важеше за голема надеж на англискиот фудбал, но повредите го спречија да во целост да го исполни својот потенцијал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како 18 годишник во 2006 година беше прекомандуван во првиот тим на Манчестер Сити и за кратко време се избори за статусот стандарден првотимец.
Сепак, повредите го земаа својот данок. Ричардс играше се поналку, а кога играше не го покажуваше она што се очекуваше. Сиги во 2014 година го испрати на позајмица во Фиорентина, за една година подоцна како слободен играч да пристигн е во Астон Вила.
Денес Ричардс има 29 години и понатаму е член на Астон Вила, иако за овој клуб не запиша ниту еден настап во изминатата година ипол. Имено, тој својот последен натпревар за овој клуб го одигра на 15 октомври 2016 година, но и покрај тоа сега би можел да добие сериозно покачување.
Неговите примања во Астон Вила изнесуваат 35.000 фунти, откако пред две години испадна во Чемпионшип. Сепак Вила е третопласирана екипа во втората англиска лига, а ако избори пласман во Премиер лигата сите играчи ќе добијат значително покачување, па платата на Ричардс би можеле да биде двојно поголема.
Така поранешниот фудбалер на Манчестер Сити би стигнал до заработка околу 70.000 фунти, без оглед на тоа што веројатно и навивачите на Вила веќе заборавија дека тој е нивни играч.