Дома Фудбал Се сеќавате на Енди Керол? Погледнете каков гол постигна во француската втора лига

Се сеќавате на Енди Керол? Погледнете каков гол постигна во француската втора лига

Помалку заборавениот крупен напаѓач Енди Керол моментално настапува за францускиот второлигаш Амиен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Триесет и четиригодишниот и 193 сантиметри висок напаѓач некогаш беше вистинско искушение на тревниците на англиското првенство и Премиер лигата.

Во двете највисоки нивоа на островскиот фудбал постигна 86 гола, а во националниот тим има девет настапи и два гола.

Пред 12 години Керол пристигна во Ливерпул од Њукасл за 40 милиони евра во пар со Луис Суарез.

Додека Уругваецот стана еден од најдобрите напаѓачи и двократен освојувач на „Златна копачка“ во ерата на Меси и Роналдо, Керол постигна само 11 гола во 58 настапи за „Црвените“.

Подоцна играше за Вест Хем, Њукасл повторно, Ридинг и Вест Бром, пред минатото лето првпат да ја напушти Англија и да пристигне во Амиен. Тој постигна два гола во Лига 2 оваа сезона, а последниот беше навистина спектакуларен.

Во ремито со Анеси, противничкиот голман успеа да го лобува од речиси половина терен.

Голот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…