Дома Фудбал Се сеќавате на Гути? Еве каде е сега и со што се занимава

Се сеќавате на Гути? Еве каде е сега и со што се занимава

guti

Сигурно се сеќавате на Хозе Марија Гутиерес, попознат како Гути. Роден е во едно мадридско предградие, првите фудбалски чекори ги почна во Реал, за клубот каде одигра 400 натпревари и стекна легендарен статус.

Потоа, без ни малку почит беше изркан од „кралскиот“ клуб, пречкртан и заборевен.
И самата негова кариера беше полна со турбуленции, заплети и расплети. Се обиде буквално на сите позиции во средниот ред, секој тренер имаше нов план за Гути. А тој сето тоа го трпеше, беше спремен на промени, се додека еден ден не му дојде преку глава.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Замина од Шпанија со солзи, се обиде да ја оживее кариерата во Турција, играше за Бешикташ една сезона, но веќе беше доцна за било што големо. Беше заштитен знак на својот клуб, навивачите го обожаваа, а денес го тренира У19 тимот на Реал Мадрид и се бара себе си во новата работа.

Меѓутоа, Гути најавува дека ќе има блескава тренерска кариера. Освои се што можеше да се освои со децата на Реал (Лигата, Купот, Лига на шампиони) и полека се етаблира меѓу најталентираните тренери на денешницата. Дури и многу клубови од Примера се распрашуваа за него. Ги одби Алавес и Лас Палмас бидејќи верува дека ќе дојде време кога ќе седне на клупата на Реал.

За сега ќе остане да го води тимот до 19 години, а доколку Сантиаго Солари добие отказ во Кастиња, што е сосема извесно, Гути ќе ја преземе оваа екипа и така ќе биде чекор поблиску до својот сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…