Дома Трансфер зона Се сеќавате на Бјабјани? Денес потпиша за нов клуб

Се сеќавате на Бјабјани? Денес потпиша за нов клуб

Поранешниот фудбалер на Интер Џонатан Бјабјани денес пронајде нов клуб.

Францускиот крилен фудбалер во кариерата промени многу клубови, а денес потпиша за шпанскиот третолигаш Сан Фернандо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно Бјабјани го носеше дресот на второлигашот Трапани и новиот трансфер покажува дека играл уште полошо во однос на минатата сезона.

Тој во овој момент има 32 години и не е толку стар, меѓутоа неговите најдобри денови поминаа од поодамна. Интересно е што се до 2018 година беше член на Интер кога „нероаѕурите“ конечно го продадоа на Парма.

Парма ја напушти во 2019 и немаше клуб до ноември минатата година кога потпиша за Трапани. Во кариерата играше уште за Сампдорија, Спарта Прага, Модена, Киево…Минатата сезона во Серија Б запиша 12 натпревари и не постигна гол или асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…