Тој е легенда на Лидс, беше тандем со Марк Видука во тој клуб, стигна и до полуфиналето од Лигата на шампиони, а потоа во 2004 година премина во Манчестер Јунајтед.
Играше три години на „Олд Трафорд“, потоа помина една година во Њукасл, па следеше преселба во МК Донс, за во 2014 година да премине во Нотс Каунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нотс Каунти се натпреварува во четвртиот ранг на англискиот фудбал, а Алан Смит и понатаму игра иако има полни 36 години.
Смит едно време ја извршуваше и функцијата менаџер, се додека не дојде Кевин Нолан, па сега е помошник тренер, а воедно и фудбалер.
Смит минатиот викенд го постигна својот прв гол во дресот на Нотс Каунти во победата над Мансфилд.
„И понатаму го има истиот глад, ќе постигнува уште многу голови“, изјави тренерот Кевин Нолан.