Дома Фудбал Италија Се сеќавате ли на формацијата на Милан „Божиќно дрво“?

Се сеќавате ли на формацијата на Милан „Божиќно дрво“?

Европскиот великан Милан моментално минува низ еден од најтешките периоди во историјата на клубот. Многу се прашуваат дали Росонерите ќе се вратат на врвот, каде што им е местото.

Милан е клуб кој има богата историја, највеќе титули во ЛШ после Реал Мадрид и клубот кој некогаш беше страв и трепет за цела Европа. Меѓутоа, веќе неколку години ги гледаме Росонерите како се гушат со неспособноста од челните луѓе, тренерите, но и од играчите кои никако да го вратат клубот таму каде припаѓа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И кога дојдат Новогодишните празници невозможно е да не се сетиме на легендарната формација на Милан, која доби прекар „Божиќно дрвце“. На клупата тогаш беше легендарниот Карло Анчелоти, а во дресот на клубот тогаш играа најдобрите фудбалери на светот.

Се започна во 2005. година кога Анчелоти одлучи да ја изведе оваа формација и тоа во осминафиналето против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Анчелоти се одлучи на формација 4-3-2-1, а тогаш во екипата беа Дида, Кафу, Малдини, Неста, Калазе, Гатузо, Сидорф, Пирло, Руи Коста, Кака и Креспо.

Милан со оваа формација играше неколку сезони и тоа доста успешно. Меѓутоа, со заминувањето на Карло Анчелоти настана некој нов Милан за кој, веруваме дека не им се допаѓа на навивачите на клубот. Сепак, се надеваме дека Росонерите еден ден повторно ќе бидат таму каде што припаѓаат, а тоа е во самиот врв на европскиот и светски фудбал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос му „договара“ големо засилување на Реал Мадрид!?

Германската ѕвезда од Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра со самодоверба веќе една година…