Дома Трансфер зона Се сеќавате ли на бразилскиот напаѓач Фред? Сега има нов клуб!

Се сеќавате ли на бразилскиот напаѓач Фред? Сега има нов клуб!

Поранешниот бразилски репрезентативец Фред се врати во екипата на Флуминенсе.

Овој 36-годишен напаѓач претходните две сезони ги помина во Крузеиро и во тој период постигна 25 погодоци.

На европската спортска јавност најмногу е познат од периодот 2005. – 2009. година кога успешно го носеше дресот на Лион.

Исто така, го познаваме и од Мундијалот во Бразил кога прилично неочекувано доби шанса да биде прв избор во нападот на таа селекција.

За селекцијата на Бразил одигра 39 натпревари и запиша 16 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…